СПЕКТАКЛ ВО МИНХЕН: Пет гола и неверојатен натпревар меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид (ВИДЕО)

Неверојатно прво полувреме ни приредија фудбалерите на Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва на „Алијанц арената“ во реванш натпреварот од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите по кое гостите имаат водство од 2-3.

Гостите поведоа по само 36 секунди со голот на Арда Ѓулер (0-1) по големата грешка на Мануел Нојер. Лунин му возврати со иста мера на Нојер па по неговата грешка Павловиќ стрелаше за 1-1 во 6. минута. Со неверојатен „резантен“ удар од слободен удар Ѓулер со својот втор гол донесе ново водство за „кралевите“ од 1-2 во 29. минута. Хари Кејн израмни на 2-2 во 38. минута, додека до крајот на првиот дел беше 2-3 со погодокот на Килијан Мбапе во 42. минута.

Bayern Munich 2 – [3] Real Madrid – K. Mbappé 42'
byu/Alsace2025 insoccer

Се вчитува...