Спектакл во најава: Кари против Кари во шутирање тројки

Стеф Кари е подготвен за учество на олстар викендот, и тоа не само на главниот меч на сите ѕвезди, туку и во натпреварувањето за шутирање тројки. Асот на Голден Стејт е дополнително мотивиран од фактот дека олстар викендот ќе се одржи во неговиот роден град Шарлот, но и дека тројки на истото натпреварување ќе шутира неговиот брат Сет.

„Со самото тоа што се игра во Шарлот, тоа е убава приказна. Татко ми играше десет години во Шарлот, брат ми Сет до неодамна имаше најдобар процент за тројки во лигата… дуел на браќата Кари во Шарлот – тоа ќе биде убаво… Знам дека Сет ќе сака да ме победи, тоа е сигурно“ – изјави Стеф Кари.

Сет Кари моментно има втор најдобар процент на уфрлени тројки сезонава (48%), додека Стеф Кари има погодено 191 тројка оваа сезона, помалку само од Џејмс Харден (218). За асот на Голден Стејт ова ќе биде шесто учество на натпреварот за шутирање на тројки, во кој триумфираше во 2015 година.

Се вчитува...