Спектакл во најава: Конор прифати борба со УФЦ-легенда

Конор Мекгрегор е на добар пат да биде дел од уште една извонредна УФЦ-пресметка откако го прифати предизвикот да влез во октагонот со Андерсон Силва. Поранешниот шампион Силва се рехабилитираше од операцијата на коленото и сака да се врати во спортот, истакнувајќи го Мекгрегор како идеален ривал за мега-пресметка.

Имам огромна почит кон Конор и верувам дека оваа супер-борба би била историска за нашиот спорт. И двајцата немаме потреба да се докажуваме на никого, тоа ќе биде дуел за уживање на фановите, од кој УФЦ може многу да профитира“, напиша Силва.

Веднаш следеше и одговорот на Мекгрегор: Прифаќам!

Останува раководството на УФЦ да ги договори деталите со двајцата борци, но се очекува оваа борба да се организира до крајот на годинава, на место каде ќе бидат дозволени и навивачи на трибините.

Се вчитува...