Спектакуларен „кам-бек“ на повидок: Меси се враќа во Барселона!?

Фудбалскиот свет остана во шок минатата година кога Лионел Меси го напушти тимот на Барселона и замина во ПСЖ. Меси сметаше дека му треба промена, но многу брзо сфати дека тоа беше грешка и дека сака да се врати во клубот каде израсна. Славниот Аргентинец би можел да се врати во тимот каде ја мина речиси целата кариера.

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта го прашаа дали сака Меси да се врати во Барселона.

„Да, секако дека би сакал“, рече Лапорта и со тоа ги воодушеви навивачите на Барса.

Меси за ПСЖ потпиша до 2023 година, но се смета дека парискиот тим ќе бара мала отштета, само да ја исполни желбата на Аргентинецот. Оваа сезона Меси одигра 33 меча, постигна 11 голови и 13 асистенции.

Лапорта додаде дека се разобит на засилувања, но повтори дека финансиската ситуација не е сјајна.

„Работиме на засилувања. Знам дека навивачите се возбудени, но вакви операции не се едноставни. Дури и нашата финансиска ситуација да е подобра, постојат детали кои не би ги прифатиле поради клубот. Нема да планираме скапи трансфери се додека клупската иднина е загрозена“, рече Лапорта.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека таткото на Меси слетал во Барселона, а сето тоа било окарактеризирано како враќање на Меси онаму каде што ги доживеа најголемите успеси во кариерата.

Се вчитува...