Спектакуларна атмосфера на „Пољуд“: Кореографија, сценографија, навивање…, но актерите разочараа (ФОТО)

Спектакуларна атмосфера на преполниот „Пољуд“ во Сплит денеска во дербито меѓу Хајдук и Динамо Загреб од хрватскиот шампионат.

Прекрасна кореографиија, сценографија, навивање од страна на двете навивачки групи што само потсетува за значењето на фудбалот ширум светот, па и на овие простори.

Но, таа атмосфера не беше дополнета од актерите на терен кои понудија разочарувачко дерби без многу возбудувања и на крај без голови. Но, ако ништо друго, резултатот носи продолжување на неизвесноста во трката за шампионската титула во Хрватска.

Се вчитува...