Спектакуларна церемонија во Пекинг – Отворени 24. Зимски олимписки игри

Пекинг влезе во историјата на олимпизмот како прв град што бил домаќин на Летни и зимски олимписки игри. По игрите во 2008 година, кинескиот град денеска и официјално ја почнува организацијата на 24. Зимски олимписки игри.

Иако во пандемиски услови и далеку по скромно од времињата пред короната, Кинезите уште еднаш се надминаа себе си и на спектакуларен начин ги орворија игрите.

Mакедонија на игрите ќе ја претставуваат тројца спортисти. Дардан Дехари во алпско скијање и Ставре Јада и Ана Цветановска во крос-кантри.

 

Се вчитува...