Екипата на Атлетико Мадрид успеа да дојде до голем триумф над Реал Мадрид во дербито на Шпанија, и така да стане „крал“ на Мадрид. И покрај проблемите кои ги имаа, и покрај критиките, сепак, избраниците на Атлетико на крајот се издигнаа од се, па дури и од негатива која ја имаа, за да дојдат до победа.
Ле Норман во 14. минута го однесе Атлетико во водство, но Реал Мадрид брзо се врати. Мбапе во 25. минута продолжи да ги решета противничките мрежи, а потоа Гулер во 36. минута се погрижи за предност на „кралевите“.
Во третата минута од судиското надополнување, Сорлот успеа да донесе израмнување, и со 2-2 да се замине на одмор.
Во вториот дел Атлетико успеа пред своите навивачи да слави, и тоа благодарение на Хулијан Алварез. Најпрво од пенал во 50. минута да донесе втора предност за Атлетико, а во 64. минута со прекрасен погодок од слободен удар да ги однесе „јорганџиите“ и до плус два. Атлетико Мадрид дојде и до гол број пет, преку Гризман во третата минута од судиското надополнување за целосна катастрофа на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

