Специјален договор за специјален мотоциклист – Маркез останува верен на Хонда до 2024 година

Актуелниоит светски шамион во Мото ГП, Марк Маркез и останува верен на Хонда до 2024 година. Шпанскиот мотоциклист потпиша четиригодишен договор што е необично бидејќи во кралската класа најчесто договори се потпишуваат на две години. Последен пат двете страни потпишаа договор во 2018 година кој беше со важност од две години. Актуелниот договор истекуваше на крајот на сезонава, а очекувано беше дека љубовта меѓу двете страни ќе продолжи.

„Навистина сум горд што можам да го објавам продолжувањето на соработката за следните четири години. Хонда ми даде можност да стигнам до Мото ГП класата со фабричкиот мотор во 2013 година. Од првата сезона имавме успех и навистина сум среќен што сум дел од семејството Хонда“, изјави Маркез при потпишување на договорот. 

Маркез така ќе заокружи една деценија во Хонда. Многу мислат дека за еден мотоциклист да докаже дека е најдобар на сите времиња мора да промени неколку произведувачи, но Шпанецот не сака да ја направи грешката на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо кои ги променија тимовите со кои ги направија најголемите успеси во кариерата.

Се вчитува...