„Специјалниот“ Мурињо: Луѓе кои сметаат дека можат да зборат со мене за фудбал, би збореле ли со НАСА за рекети? (ВИДЕО)

Убедливо еден од најконтроверзните тренери на денешницата е Жозе Мурињо. Португалецот кој што плени со својот темперамент повторно го зема вниманието на јавноста со нова шокантна изјава. Имено, на критиките за поразот на Тотенхем од Динамо Загреб и прерано завршувањето на „походот на Европа“, „Специјалниот“ во интервју за ‘Фудбал Дејли’ одговори со „специјален“ одговор.

„Мислам дека никој не би дискутирал за ракети со луѓето од НАСА, но сите на светот мислат дека можат да дискутираат за фудбал со еден од најбитните тренери во играта. Тоа е убавината на фудабалот, се навикнав на тоа. Го ценам тоа, и тоа е во ред“, изјави Мурињо.

Се вчитува...