„Специјалниот“ тргнува по потписот на Езгијан Алиоски

Жозе Мурињо го посакува Езгијан Алиоски во Рома, пренесуваат италијанските медиуми. Откако македонскиот репрезентативец не успеа да се договори за продолжување на договорот со Лидс тој е слободен фудбалер, па редот за неговиот потпис секој ден е се поголем.

Покрај турските гиганти и италијанската Рома е заинтересирана за неговите услуги, а веќе е и контактирано со неговиот менаџер и веќе се направени почетни преговори. По повредата на Спинацола на Европското првенство, Мурињо мора експресно да најде замена за одличниот Италијанец, а прв пик е Алиоски кој минатата сезона имаше одлични настапи во Премиер-лигата.

Според италијанските медиуми, покрај Рома заинтересираност покажале и Милан и Наполи, но се уште нема никаква понуда од овие два клуба.

Се вчитува...