„Специјалниот“ жали за начинот на кој се однесувал со Швајнштајгер: Се каам, но сега касно е!

Кормиларот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, призна дека лошо го третирал Бастијан Швајншатјгер на почетокот на оваа сезона. Изјавата на Португалецот се однесува за времето кога Швајни беше преместен во резервниот тим на Јунајтед.

„Жал ми е за некои работи што му ги направив. Не како на играч, туку како на професионалец и човечко суштество. Последното нешто што му кажав е дека грешев со него, а сега мора да бидам праведен. Кога ме праша за да си оди, морав да го пуштам. Секогаш ќе ми недостасува добар човек. Тој многу добро влијаеше на играчите на тренинг, беше играч за пример. Верувам дека ќе ми користеше во тимот, но морав да го пуштам. Во тоа време имавме премногу играчи, тука беа Депај и Шнидерлин, и тие заминаа од слични причини. Не ми е проблем да признаам дека се каам, тоа му го кажав и нему“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...