Спировски: Ако секој од нас го даде максимумот, резултатот нема да изостане

Стефан Спировски, сега како фудбалер на Ференцварош по преселбата од Вардар во Унгарија, се приклучи на подготовките на репрезентацијата за квалификациските натпревари со Израел и со Албанија.

Спировски верува дека секој од репрезентативците ќе го даде максимумот, и на тренинзите овој период и на самите натпревари, како би се стигнало до посакуваните резултати во септемвриските квалификации.

trening reprezentacija

Фокусот најпрво е ставен на дуелот со Израел во Хаифа, а потоа ќе се мисли на Албанија…

„Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови  е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90 минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 2. септември, чекор по чекор, подоцна за Албанија“ – вели Стефан Спировски.

Се вчитува...