Спировски: Дојдовме во Исланд со цел да го надополниме загубеното од дуелот со Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја започна новата ера без екс-капитенот, Горан Пандев, а по првиот натпревар нашите фудбалери инкасираа само еден бод против селекцијата на Ерменија.

Исланд е следен предизвик на Македонија, а во пресрет на овој двобој, Стефан Спировски најави победа за нашата репрезентација.

„Го даваме максимумот за црвениот дрес. Натпреварот со Ерменија беше прв за нас со новиот селектор и мислам дека добро се прилагодивме на новите идеи и замисли. За жал не ги искористивме шансите за победа, но затоа сега ме тука, во Исланд во обид да го надополниме загубеното“, изјави Спировски.

За потсетување, Македонија ќе му гостува на Исланд веќе утре, недела од 18 часот.

Се вчитува...