Спировски и Ференцварош ќе играат во Лига Европа, Ријека елиминирана од Гент

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски со својот Ференцварош ќе игра во Лигата на Европа оваа есен, откако во плејоф квалификациската рунда беа подобри од литванска Судува.

На реванш дуелот во Будимпешта, Ференцварош славеше со 4-2, повеќе од доволно ако се знае дека првиот натпревар во Литванија заврши без голови. Спировски, се уште опоравувајќи се од повредата, не беше во комбинација за настап на овој натпревар но по претходното враќање на терените се очекува да биде на списокот фудбалери за групната фаза од ЛЕ.

Ријека, пак, не успеа да се избори за групи во Лига Европа откако ремизираше (1-1) пред своите навивачи со белгиски Гент. Белгијците славеа со 2-1 на првиот дуел па ќе играат во Лига Европа.

Репрезентативниот стопер Дарко Велковски беше на клупата за резервни фудбалери кај Ријека, но не доби можност за настап.

Се вчитува...