Сплит ќе „гори“: Иван Перишиќ се враќа во Хајдук

Иван Перишиќ ќе го раскине договорот со Тотенхем, и веројатно ќе се врати во Сплит каде ќе настапува за сплитски Хајдук. Ова сигурно ќе наиде на воодушевување кај многубројните фанови на сплитскиот тим.

34-годишниот лев крилен фудбалер има договор со лондонскиот тим на уште една година, но деновиве ќе побара раскин и наводно раководството на англискиот тим ќе му излезе во пресрет, со што ќе биде отворен патот кон враќање во Хајдук.

Минатите неколку денови Перишиќ тренира во Сплит, а навивачите на Хајдук секојдневно го молат да се врати во сплитскиот тим, и тоа веројатно ќе се случи.

Хрватскиот репрезентативец потекнува од школата на Хајдук. Сепак, никогаш не заигра во првиот тим на сплитските „бели“, а во кариерата играше за Сошо, Роселаре, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер и Баерн Минхен.

Се вчитува...