Спонзор на Борусија Дортмунд упати критика кон навивачите поради кореографија

Борусија Дортмунд стравува дека може да остане без еден од главните спонзори и без многу милиони, по контроверзна кореографија на нивните навивачи за време на натпреварот со Унион Берлин, кој „милионерите“ го добија со 2-1.

Стадионот на Борусија Дортмунд официјално го носи името „Сигнал Идуна Парк“, и клубот има спонзорски договор со оваа компанија за користење на името, но тоа очигледно не им се допаѓа на навивачите на Борусија, па така тоа го искажаа и со транспарент.

„Засекогаш Вестфален стадион, стоеше на транспарентот на навивачите, и со тоа јасно покажаа што мислат околу продажбата на името на стадионот на Борусија, од кое заработуваат милиони.

Тоа не им се допадна на челниците на компанијата „Сигнал Идуна“ кои упатија протесно писмо до клубот и го осудија потегот на навивачите.

Се вчитува...