Според „Марка“: Перо Антиќ во идеалниот тим на СФРЈ, кој ако постои би доминирал со светот!

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е сместен во идеалниот тим кој во моментов би го имале селекцијата на поранешна Југославија, составен од најдобрите кошаркари од шестте поранешни заеднички републики, според изборот на шпанска „Марка“.

Честа „игра“ на медиумите изминативе години е составувањето тимови, пред се во екипните спортови, од играчите кои доаѓаат од земјите кои ја сочинуваа поранешната СФРЈ. Факт е дека Југославија претставуваше една од најмоќните спортски земји во Европа, пред се во екипните спортови, и посебно во кошарката. Затоа е изборот на „Марка“ на идеалниот тим на Југославија, кој според нив, доколку би постоел во моментов рамноправно би се носел и со „дрим-тимот“ на САД.

А, во тој тим на СФРЈ, согласно актуелните имиња, би имало место и за нашиот Перо Антиќ, кој би бил еден од тројцата центри покрај Црногорецот Пековиќ и Томиќ од Хрватска. На плејмејкерската позиција би биле Теодосиќ од Србија и Словенецот Драгиќ, како беови Дончиќ од Словенија и Хрватот Бојан Богдановиќ, крила Хезоња од Хрватска и Србинот Калиниќ, и како крилни центри Шариќ од Хрватска, Јокиќ од Србија и Вучевиќ од Црна Гора.

„Сегашната генерација кошаркари која доаѓа од поранешните ју-простори можеби не би била најдобра, но сигурно ова е извонреден тим кој би можел рамноправно да парира на селекцијата на САД“ – пишува „Марка“.

Се вчитува...