Според српските медиуми: Ц. Звезда преговара за ангажман на Антиќ!?

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ би можел во новата сезона да се пресели во редовите на белградска Црвена Звезда, пренесуваат српските медиуми.

Според „Мондо“, веќе и е остварен контакт на белграѓани со Антиќ околу почеток на разговори за негово враќање во црвено-белиот дрес. Црвена Звезда е во потрага по уште едно засилување за новата сезона, „висок“ кошаркар, па како варијанти се истакнуваат Антиќ и Кевин Џонс.

Сепак, и тоа како е јасно, дека Антиќ има важечки договор со Фенербахче веќе стартувајќи ги и подготовките со турскиот тим. Малку се варијантите дека би можел да се пресели во Црвена Звезда и покрај секако добро познатата желба на белграѓани за негов ангажман.

Се вчитува...