Спортинг Лисабон едвај ја преживеа Чешка, ќе има Македонец и понатаму во Лига Европа

Спортинг Лисабон, тимот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа. Португалскиот тим едвај го преживеа гостувањето во Чешка и по продолженија, иако загуби со 2-1, сепак обезбеди пласман во следната рунда. Ристовски на овој меч беше резерва во составот на Спортинг Лисабон.

Плзен во шестата минута поведе со 1-0 со голот на Бакош, а истиот фудбалер во 64.минута постигна и втор гол за чешкиот тим. Со тоа беше анулирана предноста на Спортинг Лисабон од првиот дел. Португалците имаа колосална можност да го решат мечот во регуларниот тек, но Бас Дост не реализира пенал во 90.минута.

Мечот отиде во продолженија, а во 105.минута Родриго Баталја го постигна посакуваниот гол, по што беше јасно дека Спортинг Лисабон ќе патува во следната рунда од Лигата на Европа.

Се вчитува...