Спортинг со совлада Колштад, Пик Сегед без проблеми против ППД Загреб

Ракометарите на Спортинг Лисабон забележаа нова победа во елитното натпреварување откако вечерва славеа на гостувањето кај норвешки Колштад со 30-34 во натпревар од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Домаќините одиграа подобро во првото полувреме и веќе на пауза имаа позитива од четири гола 19-15. Сепак, Португалците одиграа неаверојатно во вториот дел во кој направија целосен пресврт и на крајот славеа со 30-34.

Во вториот меч од програмата од 18.45 часот Пик Сегед без проблеми славеше на гостувањето кај ППД Загреб со 23-28. Јелиниќ и Арустиза со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Филип Главаш постигна шест гола.

Се вчитува...