Спортинг тргна на далечен пат, Ристовски остана дома

Екипата на Спортинг Лисабон тргна на долг пат до Азербејџан, каде португалскиот тим ќе се сретне со Карабах во рамките од петтото коло од Лигата на Европа. Португалците ќе прелетаат над 6.000 километри во еден правец, а дел од тоа „малтретирање“ нема да биде и Стефан Ристовски, откако македонскиот репрезентативец не се најде на списокот на патници до Баку.

Десниот бек веќе извесно време се мачи со незгодна повреда, па тренерот не сакаше да ризикува со негово враќање токму на овој натпревар, па додека 18-те избрани фудбалери отпатуваа за Азербејџан, Ристовски остана во Лисабон реализирајќи ја последната фаза од својата рехабилитациска програма.

Македонецот е еден од единаесетмината фудбалери на Спортинг што не отпатуваа во Баку, покрај него повредени се уште Баталја, Рафиња и Монтеро, додека Матиу и Акуња се суспендирани, а поради тактички причини тренерот на Спортинг реши да не ги повика Переиро, Цезар, Фереира, Кастанеда и Агбенену.

Се вчитува...