Спортистите ќе имаат право на избор: Вакцинацијата пред Олимписките игри нема да биде задолжителна

Спортистите ќе бидат охрабрени да се вакцинираат пред Олимписките игри, но вакцинацијата нема да биде задолжителна, изјави потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Џон Коутс. Пред еден месец, првиот човек на МОК, Томас Бах, рече дека олимписките комитети од државите учеснички, ќе имаат задача да ја координираат вакцинацијата на спортистите.

Томас потенцираше дека вакцинацијата е неопходна, но не сака спортистите да ја примаат вакцината пред ризичните групи на граѓани.

„Вакцинацијата нема да биде задолжителна, не можеме да го направиме тоа. Но, ние сигурно ќе ги охрабриме спортистите да се вакцинираат. МОК има договор со Светската здравствена организација за дистрибуција на вакцини “, рече Коутс.

Се вчитува...