Спортски празник: Охриѓани се „ракометни фраери“ крај езерото

Ракометарите на Охрид во извонреден натпревар славеа над Струга со 26-23, во првото езерско дерби одиграно по подолга пауза во елитното македонско ракометно друштво. Мора да се истакне феноменалната атмосфера во салата „Билјанини извори“ која беше исполнета буквално до последно место, а побројните охридски фанови им дадоа огромна поддршка на своите миленици на патот до победата.

Мечот го одбележа израмнета игра, во која на крајот сепак пресуди карактерот на домашниот тим. Имено, на половина од второто полувреме охриѓани останаа без двајца многу важни ракометари, Иван Тасевски и Дарко Георгиевски, кои поради три исклучувања добија црвени картони. Сепак, тренерот Андоновски успеа да го извлече максимумот од оние играчи кои ги имаше на располагање, по водството на гостите од 19-20 следеше серија од 3-0 на Охрид, по што домаќините ја задржаа позитивата се до конечните 26-23, за огромна радост на домашните фанови во салата „Билјанини извори“.

Георгиевски за 45 минути колку што мина на теренот постигна шест гола за Охрид, исто толку погодоци реализираше и крилото Блажевски, а најдобар поединец кај Струга беше младинскиот репрезентативец Дарио Петровски со осум гола.

ФОТО: Мега продукција

Се вчитува...