Спортските обложувалници „Моцарт“ го реновираа теренот на кој се игра Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

Синоќа во Струга на ракометното игралиште на „Женска плажа“ пред преполни трибини започна 46 Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.

Во првиот натпревар пред свеченото отворање, на новата специјална подлога за спортски игралишта донирана од Спортските обложувалници „Моцарт“, заиграа домаќинот РК Струга и тимот на РК Железничар.

Компанијата „Моцарт“ започна голем проект, за обнова на игралиштето на „Женска плажа“ кое од синоќа го носи името на македонскиот ракометен херој Наумче Мојсовски.

„Факт е дека години наназад ни беше проблем обезбедувањето подлога за играње на отворено бидејќи душата на турнирот е да се игра овде покрај езеро, а не при најмал дожд да трчаме во сала. Благодарен сум што „Моцарт“ се вклучија во струшката ракометна приказна и  овозможија сето ова да изгледа вака. Подлогата по одигрувањето на турнирот останува на игралиштето што е неверојатна предност за сите млади ракометари од Струга кои тука тренираат – изјави Претседателот на РК Струга, Наумче Мојсовски.

Турнирот го прогласи за отворен Васко Илијевски, маркетинг директорот на Спортските обложувалници „Моцарт“.

„Како компанија која е регионален лидер во областа во која работиме, особена чест ни е да бидеме и лидери во грижата за заедницата. Нашата отвореност за соработка ја препознаа во Струга и затоа сме денес тука и овој терен изгледа така како што изгледа. Струга отсекогаш бил град-расадник на врвни ракометари. Се надеваме дека подобрите услови за игра ќе придонесат од тука да произлезат уште многу ѕвезди како што е Наумче Мојсовски“ – истакна на отворањето Васко Илијевски.

Турнирот трае до 19 август, а на новата подлога ќе играат врвните клубови од европскиот ракомет како Целје, Тулуз, Бешикташ, Железничар, Констанца, Алингсас, битолски Еурофарм и домаќинот Струга. Во сабота во рамки на турнирот се игра македонскиот Супер Куп меѓу Вардар и Металург.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга. Вклучувајќи се во хуманата акција компанијата „Моцарт“ откупи дел од картите кои играчите можат бесплатно да ги подигнат при уплата на тикет на уплатните места во Струга.

Ве покануваме сите заедно да уживаме во одличен ракомет на турнирот „Струга 2018“.

 Комерцијален текст

Се вчитува...