Спортските ѕвезди се обединуваат за помош на Австралија

НБА легендата Дирк Новицки објави дека за помош на Австралија која е погодена од катастрофални пожари ќе ја донира истата сума како и Ник Кирјос. Австралискиот тенисер објави дека ќе донира по 200 долари за секој ас што ќе го сервира на сите турнири зимава. Новицки му одговори дека ќе се приклучи на акцијата и оти ќе ја донира истата сума како 24-годишниот тенисер.

Претходно, Марија Шарапова објави дека ќе донира, го предизвика Новак Ѓоковиќ, а Србинот го прифти предизвикот. Донација ќе даде и првата тенисерка во светот, Австралијката, Ешли Барти.

 

 

 

 

Се вчитува...