Срамен пораз на кадетите од Грција на турнирот во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години забележа срамен пораз од Грција од 26-30 во првиот натпревар од ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Репрезентацијата која требаше да го нападне првото место на турнирот, на крајот најверојатно ќе мора да го заврши настапот во групната фаза бидејќи, вчера Полска во првиот меч од оваа група ја декласираше Грција со 11 голови разлика 28-17.

Избраниците на Кирил Лазаров го отворија катастрофално мечот и веќе на полувреме имаа негатива од 11-16. Подоброто второ полувреме не го поправи севкупниот впечаток бидејќи на крајот сепак дојде неочекуваниот пораз од Грција.

Утре Македонија ќе се сретне со Полска натпревар кој ќе мора да се добие доколку избраниците на Лазаров сакаат да поминат во втората фаза.

Се вчитува...