Срамен потег на Пиоли синоќа на „Сан Сиро“: „Се ми беше неважно после тоа…“

Милан триумфираше со 4-2 против Славија Прага во синоќешниот прв натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа. Меѓутоа мечот го одбележа и еден грд потег на тренерот на домашните, Стефано Пиоли за кој на прес-конференцијата зборуваше тренерот на тимот од Прага, Јиндрих Трипишовски.

„Носам горчина по овој натпревар затоа што чесно се боревме, со играч помалку од 26. минута успеавме да постигнеме два гола. Но, се тоа ми остана сосема неважно во моментот на крајот од натпреварот кога Стефано Пиоли замина кон соблекувалните а не се поздрави ниту со мене ниту со било кој член од мојот стручен штаб. Првпат во кариерата доживувам таков неспортски потег, а верувајте не знам која е причината за тоа затоа што ништо не се случи меѓу нас за време на мечот“ – изјави Трипишовски.

Сепак, најавува дека ќе биде вистински џентлмен на реваншот и ќе го пречека гостинот најдобро што може на реваншот во Прага за седум дена…

„Апсолутно сум убеден дека може да извојуваме победа за седум дена на реваншот. Имаме неверојатна поддршка од навивачите. Ќе биде тешко, но не и неизводливо“ – порача тренерот на чешкиот тим.

Се вчитува...