Срамна анализа на хрватските медиуми: Адеми бил најголемиот проблем на Динамо Загреб!?

Хрватскиот шампион Динамо Загреб има само теоретски шанси за третото место и патот кон Лига Европа во фудбалска европа по синоќешниот убедлив пораз од Милан од 0-4.

„Модрите“ сега треба да го победат Челси во Лондон, што е тешко да се очекува, па хрватските медиуми мораа да тргнат во „лов на вештици“. И виновникот за двата порази од Салцург и последниот од Милан, хрватските медиуми го пронајдоа во македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Разбирливо е да се даде оценка дека, можеби во моментов е и не во посакуваниот ритам, поради бројните повреди, на кои се навикнати да го гледаат навивачите на Динамо, но срамна е оценката на медиумите дека е најголем проблем на хрватскиот шампионат.

„Сезонава најголем проблем за Динамо е Аријан Адеми. Легендата на клубот и омилената фигура кај навивачите и во клупските ходници е тотално надвор од форма. Капитенот и некако играше на почетокот на сезоната, но како што одминува сезоната, а ритамот се зголеми Адеми го изгуби чекорот и во многу важни натпревари сезона беше играч помалку на теренот за Динамо“ – стои во анализата на „Индекс“.

Притоа, аналитичарот очигледно заборавајќи дека Адеми е тој, кој со својата форма и игри, на почетокот од сезоната и на интернационалната сцена и во домашниот шампионат македонскиот репрезентативец беше тој кој всушност ја спаси сезоната за Динамо Загреб. Да не беше Адеми и неговите игри, Хрватите немаше ниту да стигнат до групната фаза од ЛШ, од натпреварите низ квалификациите во кои единствено Адеми беше играч за издвојување, спасувајќи го својот тим уште во пресметките со македонскиот шампион Шкупи. Адеми беше тој кој ја одржа сезоната за Динамо Загреб, и тогаш кога сите хрватски медиуми бараа промена и на Анте Чачиќ од клупата на „модрите“.

Се вчитува...