Срамна „валкана игра“ на Морис против Дончиќ: Намерно нагазување на повредениот зглоб на Словенецот? (ВИДЕО)

ЛА Клиперс убедливо го совладаа Далас во петтиот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција во НБА лигата. Клиперси славеа со неверојатни 154-111, во меч во кој конечно успеаја да го запрат Лука Дончиќ кој го заврши натпреварот со 22 поени.

Сепак, тоа што посебно го привлече вниманието е „валканата“ игра на кошаркарот на ЛА Клиперс, Маркус Морис. Во еден момент крајно некоректно го згази од претходно повредениот зглоб на Дончиќ. Многумина, погледнувајќи ја видео снимката, се убедени дека сето тоа беше намерно…

 

Се вчитува...