Срамни сцени од Белград: Неспортски потег на Французинка, тешка повреда на европската шампионка

Европското првенство во атлетика во сала во Белград стартуваше со првиот инцидент и тежок пад кој резултираше со тешка повреда на чешка атлетичарка.

Дениса Росолова во квалификациите на 400 метри падна откако ја турна Французинката Флорија Гвиеи, која подоцна е дисквалификауван. Исклучително неспортски потег на француската атлетичарка која сакаше да се уфрли пред Росолова. Потоа воопшто не се осврна кога виде дека чешката атлетичарка паѓа покрај неа.

Росолова веднаш беше хоспитализирана, па по интервенцијата, според последните информации, се чувствува добро. Атлетичарката од Чешка има златен медал на 400 метри во сала од ЕП во Париз во 2011 година, како и две бронзени одличја од Бирмингем во скок во далечина и Гетенбург во штафетата од 4х400 метри.

Athlétisme – La chute de Denisa Rosolová by POPnSPORT

Се вчитува...