СРАМНО: Дончиќ „украден“… Би можел да не игра на Ол-стар мечот иако има повеќе гласови од Харден и Кари

НБА ги објави првите петорки од Истокот и Западот за Ол-стар мечот кој ќе се игра на 17. февруари во Шарлот.

Но, меѓу стартерите на Западот го нема Лука Дончиќ иако тинејџерската руки-сензација со своите 19 години ги воодушеви навивачите во САД веднаш по доаѓањето во најсилната светска кошаркарска лига. Во гласањето од навивачите за Ол-стар, Дончиќ имаше помалку гласови само од Леброн Џејмс и Јанис Антетокуомпо, капитените на Западот и Истокот.

Словенецот доби повеќе од три милиони гласови, многу повеќе од суперѕвездите на НБА како Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурант, Расел Вестбрук…. Но, и покрај сето тоа, на крајот на Дончиќ му „пресудија“ кошаркарите и новинарите.

При гласањето во изборот за првите петорки, гласовите по важност се делат: 50% од навивачите, 25% од новинарите и 25% од кошаркарите во НБА лигата. Па, гласовите на кошаркарите и новинарите одлучија дека за Дончиќ нема да има место во првата петорка на Западот каде ќе се Џејмс, Харден, Кари, Дурант и Пол Џорџ.

И кошаркарската јавност во САД е изненадена од оваа одлука на новинарите и играчите кои, според нив, очигледно смислено го елиминирале Дончиќ од првиот тим на Западот. Ако се знае дека и во последните години претходно секогаш во првите петорки се наоѓале оние кошаркари кои имале најмногу гласови од навивачите.

Сега за Дончиќ виси и играњето на НБА Ол-стар мечот. Сега мора да чека до 31. јануари за да дознае дали тренерите ќе го изберат како замена и ќе може ли така да добие можност уште во првата своја НБА сезона да игра на Ол-стар натпреварот, или ќе добие утешна награда во вид на настап на руки-натпреварот.

Се вчитува...