Срамно однесување: Кого пцуеше Арнаутовиќ по третиот гол за Австрија?

Австрија со гол во самиот финиш преку Марко Арнаутовиќ стави печат на победата, но стрелецот на погодокот неочекувано наместо да ја слави победата почна да упатува пцовки кон еден од македонските репрезентативци.

„Је.. сам ти мајку“, можеше да се прочита од усните на фудбалерот со српски корени, кого соиграчите мораа да го смируваат за да не дојде до посериозен инцидент.

Не е јасно кон кого беа упатени навредите (во тој правец каде беше свртен се наоѓаше Бејтулаи), но како и да е, ваквото срамно однесување е недолично за еден професионален фудбалер, особено со искуство како 32-годишниот Арнаутовиќ.

Се вчитува...