Шкендија и Силекс се среќаваат вечерва во големото финале од Купот на Македонија, а самиот почеток го одбележа срамно однесување на дел од навивачите на националната арена во Скопје.
Имено, традицијата македонската химна да биде изведена пред куп-финалето продолжи и овојпат, но огромен дел од навивачите беа во шок кога од една од трибините можеа да се слушнат гласни свирежи при интонирањето на химната.
Однесување за секоја осуда на спортски настан кој треба да претставува празник на фудбалот, но за жал уште пред да почне финалето беше ставена црна дамка…
Останува да се види дали ќе следи и реакција од „куќата на фудбалот“, која досега редовно реагираше и санкционираше испади и провокации од трибините, а ова што се случи вечерва е далеку полошо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
