Србија бара нов селектор – Роберто Карлос учи српски

Поранешниот бразилски репрезентативец, Роберто Карлос, кој своевремено беше ѕвезда во дресот на Реал Мадрид, може да ја предводи репрезентацијата на Србија на СП. Бразилецот деновиве во Белград полага за тренеската лиценца на УЕФА. Но, со своите изјави  покрена лавина шпекулации дека неговиот престој во Србија не е само поради тренерската лиценца.

На прашањето дали тој ќе биде новиот селектор на Србија, Бразилецот одговори неодредено – „Можеби, еден ден…“

На тоа имаше и дополнување кое медиумите во регионот го протолкуваа како отворен интересе за селекторското место на српската клупа.

Србија има одлични играчи секому би му било задоволство да ги тренира. Секој што го сака фудбалот, тој го следи, а јас гледам и српска лига. Знам некои играчи и ми се допаѓа стилот што се форсира во Србија„ – изјави Роберто Карлос.

Репрезентацијата на Србија убедливо мина низ својата квалификациска група и по осум години пауза, избори настап на големо натпреварување. Но, по успехот во квалификациите следуваше отказ за селекторот Славољуб Муслин. Сега во Србија актуелна е темата кој ќе го наследи на клупата. На пријателскиот натпревар против Јужна Кореја, српската репрезентација ја водеше Младен Крстаиќ, сепак, неизвесно е дали тој и понатаму ќе остане на клупата.

А, во меѓувреме, легендата на Бразил, од Белград порача дека има намера и да научи српски.

„Се уште не зборувам, но ќе научам. Бев во многу земји, Шпанија, Русија, Турција, Италија, но овде културата е поинаква, луѓето се многу срдечни и уживам овде“ – порача Роберто Карлос.

Се вчитува...