Србија доби жестока казна од УЕФА

Српската фудбалска федерација е казнета со еден натпревар без публика и вкупна парична казна од 89.250 евра поради навивачки инциденти на натпреварот против Црна Гора.

Казната на УЕФА не значи автоматски дека стадионот во Лесковац ќе биде празен, бидејќи ФСС ќе ја искористи можноста да има деца до 14 години на трибините, што значи дека избраниците на Драган Стојковиќ ќе имаат убава атмосфера за пласман на ЕП.

На 17 октомври на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, Србија ја совлада Црна Гора со 3-1 во натпреварот од групата Г од квалификациите за ЕП 2024. Воедно, УЕФА ја казни и Фудбалската федерација на Црна Гора со вкупно 20.000 евра и забрана за водење навивачи на следниот натпревар на гости.

Се вчитува...