Србија „гази“ се пред себе – Убедлива победа и над Порторико

Репрезентацијата на Србија продолжува со убедливите настапи на Светското првенство во Кина. На менито на избраниците на Александар Ѓорѓевиќ денеска се најде Порторико кој беше поразен со убедливи 90-47.

Уште од самиот старт на мечот Србите ја покажаа разликата во квалитет, добивајќи ја првата четвртина со 23-14. До крајот на првото полувреме разликата само се зголемуваше, а по 20 минути игра резултатот изнесуваше 49-26.

Второто полувреме продолжи шоуто на нашиот северен сосед. Кошаркарите на Србија погодуваа од секоја позиција, а на минута до крај стигнаа и до највисоките плус 43 (90-47), шѓто беше и конечен резултат.

Бјелица со 18 и Марјановиќ со 16 поени беа најефикасни кај победниците, додека Јокиќ мечот го заврши со 14 поени и 10 скока. Кај Порторико Хуертас мечот го заврши со 11 поени.

Се вчитува...