Србија го доби мечот за чест против Чешка

Кошаркарите на Србија се искупија за поразот во четвртфиналето, освојувајќи го петтото место на Свеското првенство во Кина, откако денеска ја совладаа Чешка со 90-81.

Србија за нијанса подобро го отвори мечот и во поголемиот дел од првата четвртина имаше предност од плус пет, која до крајот на првите десет минути Чесите успеаја да ја анулираат, за на првата пауза да се замине со нерешен резултат 20-20. Вториот период Чешка предводена од Томас Саторански го започна одлично. Погодуваа од секоја позиција, а во 14. минута стигнаа и до највисоките плус тринаесет (30-43). До крајот на четвртината Србија успеа да се консолидира и на полувреме да замине со едноцифрена негатива (41-50).

Србите одлично го почнаа и вториот дел и о серија од 8-1 се приближија на само минус два (49-51). Натпреварот влезе во израмнета фаза, во која Србите за првпат по првата четвртина, во 26. минута успеаја да стигнат до водство (60-58). Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ продолжија со одличната игра и до крајот на третиот период стигнаа и до полус седум (69-62). Србите продолжија да ја газат Чешка и во последната четвртина за конечна победа од 90-81.

Богдановиќ повторно беше најдобар во Србија со уфрлен 31 поен, а одличен беше и Јокиќ кој натпреварот го заврши со 7 поени, 14 скока и 7 асистенции. Кај Чешка најефикасен беше Патрик Ауда со 16 поени.

Се вчитува...