Србија на чекор до ЕВРО, блиску се и Словенија, Данска и Унгарија (ВИДЕО)

После шокантниот пораз од Унгарија, селекцијата на Србија вечерва на „Рајко Митиќ“ ја совлада Црна Гора со 3-1, и така направи огромен чекор кон пласман на ЕП 2024 година во Германија. Српската репрезентација имаше големи проблеми во одличниот меч во Белград, во кој ризикот да се тргне на се или ништо се исплатеше. Херој на Србите е Александар Митровиќ, кој постигна два гола, и асистираше за еден за конечен триумф.

Митровиќ со прекрасен гол успеа да го отвори резултатот, но по еден противнапад Црна Гора преку Јоветиќ израмни, и со 1-1 се замина на полувреме. Во вториот дел Србија се отвори, па Митровиќ по асистенција на Тадиќ донесе нова предност за Србија, а конечна радост донесе голот на Тадиќ по асистенција на Митровиќ за конечни 3-1.

Блиску до пласман на ЕП е и Унгарија. Унгарците можеа уште вечерва да го потврдат пласманот на ЕП со победа во Литванија, но успеаја да одиграат само 2-2. И тоа губеа 2-0, но се вратија и извадија бод.

ЕВРО 2024 најверојатно ќе биде и со Данска, која го совлада Сан Марино со 1-2, како и Словенија која беше подобра од Северна Ирска со 0-1.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...