Србија остана без одбојкарски медал, Американците стигнаа до бронза

Репрезентацијата на САД е носител на бронзениот медал на одбојкарскиот Мундијал што финишира денеска во Торино, откако американскиот состав во малото финале славеше над Србија со 3-1 во сетови.

Иако имаа малку време за одмор по синоќешниот маратон со Полска во полуфиналето, Американците собраа сили за да го добијат овој меч, иако го загубија првиот сет со 23-25. Во вториот сет САД одигра доминантно славејќи со 25-17, а најголема битка се водеше во третиот дел, во кој американската репрезентација триумфраше со 32-30. Со тоа беше скршен и отпорот на српските одбојкари, па со 25-19 во третиот сет американските одбојкари стигнаа до бронзата.

Во големото финале вечерва ќе се сретнат селекциите на Бразил и Полска.

Се вчитува...