Србија остана без уште еден играч за СП во Кина

Српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ се соочува со уште еден проблем во пресрет на СП во Кина откако Драган Милосављевиќ заработи повреда на пријателскиот меч со Турција. Тој настада во третата четвртина, фаќајќи се за коленото и напуштајќи го теренот, по што нешто подоцна се упати кон соблекувалната.

Медиумите од нашиот северен сосед информираат дека повредата не е нималку наивна, а со оглед на фактот дека Мундијалот почнува за 15 дена, шансите за настап на борбениот бек се сведени на теорија. Ова ќе значи уште поголемо ослабување на бековската линија на Србија, откако претходно незгодна повреда заработи и Милош Теодосиќ.

Останува да се види дали Ѓорѓевиќ како „принудно решение“ ќе се сврти кон Немања Недовиќ, одличниот бек што селекторот го избриша уште пред почетокот на подготовките, од „дисциплински причини“ заедно со Никола Калиниќ.

Се вчитува...