Србија во проблеми: Без првиот стрелец на најважниот меч во квалификациите

Најдобриот стрелец на репрезентацијата на Србија, Александар Митровиќ нема да игра на последниот натпревар за својата селекција против Бугарија во квалификациите за пласман на ЕП. Поради повреда, Митровиќ ја напушта репрезентација и нема да биде во комбинација. Тој има болки во коленото.

Митровиќ почувствува болка за време на тренинг, па така тој нема да биде достапен и за следниот натпревар на Ал Хилал.

Бугарија е наслабиот тим во групата, и со нов селектор патува во Лесковац. Дополнителен проблем за Србија е и казната која ја доби сојузот на оваа земја, па така натпреварот ќе се игра пред празни трибини.

Се вчитува...