Србија загуби од Чиле, Мароко подобар од Словачка

Фудбалската репрезентација на Србија го загуби првиот тест во пресрет на мундијалот во Русија. Селекцијата на Младен Крстајиќ загуби од Чиле со 1-0, а стрелец на единствениот гол за чилеанскиот состав беше дефанзивецот Гилјермо Марипан во 88.минута од натпреварот кој се одигра во Грац.

Мароко со 2-1 ја совлада Словачка. Први поведоа Словаците со погодокот на Јан Грегуш во 59.минута, но Ајуб Ел Каби и Јунес Белханда донесоа пресврт со головите во 64. и во 74.минута од мечот.

Се вчитува...