Србин, Хрват и Босанец се најдоа на листата најголеми промашувања на Реал Мадрид!

Специјализираниот фудбалски портал „Гоал“ објави листа на најголеми промашувања во историјата на „кралскиот клуб“ на која дефинитивно има место за српскиот интернационалец Лука Јовиќ, кој веќе е на излезна врата од Реал Мадрид.

Тој стигна во Мадрид во 2019 година како големо засилување од Бенфика за отштета од 63 милиони евра, но за три сезони постигна само три гола во 51 натпревар во дресот на „кралскиот“ клуб.

„Јовиќ во сезоната 2018/19 изгледаше како голема напаѓачка ѕвезда, со оглед што постигна 10 голови на 14 средби за Ајтрахт Франфурт, каде што беше на позајмица од Бенфика, во Лига Европа, а беше импресивен и во Бундеслигата. Тоа беше причина поради која мадридскиот тим плати многу пари за негово ангажирање“, пишува во текстот на фудбалскиот портал.

На списокот на најголеми промашувања се и Хрватот Роберт Просинечки и Босанецот Елвир Баљиќ, но и легенди како Кака, Николас Ањелка, Еден Азар, Хавиер Савиола, Данило, Антонио Касано.

Се вчитува...