Србин на клупата на Босна и Херцеговина

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина наскоро се очекува да добие нов предводник, а тамошните медиуми го најавуаат Саво Милошевиќ за наследник на Мехмед Кодро.

Поранешниот фудбалер на Партизан, Астон Вила, Сарагоса, Парама… е без ангажман во последните две години откако се раздели со Олимпија Љубљана, но раководството на федерацијата верува дека со своето искуство Србинот може да придонесе многу за успех на поранешната југословенска држава.

Милошевиќ по крајот на играчката кариера ја вршеше функцијата директор на младинските репрезентации во Фудбалската федерација на Србија, а како тренер покрај тимот од главниот град на Словенија го предводеше и Партизан.

Се вчитува...