Србинките повторно се европски одбојкарски кралици

Репрезентацијата на Србија дојде до третата последовна европска титула. Во драматичното финале во спектакуларната атмосфера во Анкара, српските одбојкарки ја совладаа селекцијата на Турција со 3-2 во сетови.

Петтиот сет беше исклучително драматичен. Во него Турчинките влегоа доминантно, а потоа следуваа неколку пресврти, а Србинките ја искористија втората меч топка за 15-13 и голем триумф.

Претходно, Турција го доби првиот сет со 25-21, потоа следуваа два сета кои им припаднаа на Србинките со идентични 25-21. Турција го одведе мечот во решавачки петти сет добивајќи го четвртиот сет со 25-22.

Претходно во мечот за третото место, Италија ја победи Полска со 3-0 во сетови и ја освои бронзата.

Се вчитува...