Србинките се нови „кошаркарски европски кралици“

Женската кошаркарска репрезентација на Србија го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во финалето ја совлада Франција со 63-54. Србинките во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не им дозволија на Французинките ниту да се понадеваат дека можат да стигнат до златото.

Ивон Андерсон со 18 поени б беше прво име во победничкиот табор, додека одлична беше и Јелена Брукс со 15 поени. Кај Франција се истакна Вукосавлјевиќ со 15 поени.

Ова за Србија е второ злато од Европските првенства по она во 2015 година на шампионатот во Романија и Унгарија кога во финалето исто така беа подобри од Франција.

Претходно во мечот за бронзениот медал Белгија беше подобра од Белорусија со 77-69.

Се вчитува...