Србинот Бихорац е ново засилување за Академија Пандев (ФОТО)

Српскиот дефанзивец Фарук Бихорац е нов играч на Академија Пандев.

25-годишниот Бихорац кој игра на централната дефанзивна позиција изминатата сезона настапувал за ФК Кабел од Нови Сад, а претходно во кариерата има настапи и за Нови Пазар и Хајдук Кула во српскиот шампионат, како и за Вележ во БиХ.

„Централниот одбрамбен играч е најновото засилување за нашиот тим. Тој ја доби потребната документација и се стекна со право за настап на следниот натпревар против ФК Работнички кој ќе се игра во недела со почеток од 20 часот“ – информираат од Академија Пандев.

Се вчитува...