Србинот ја продолжи верноста со Фиорентина – Миленковиќ останува до 2027 година (ФОТО)

Никола Миленковиќ останува дел од Фиорентина и во иднина, потврди клубот. Српскиот репрезентативец со италијанскиот прволигаш го продолжи договорот до 2027 година со што стави дознаење дека нема намера да ја промени средината и покрај големиот интерес.

Стоперот ова лето се поврзуваше со трансфер во Интер, Јувентус и Арсенал, но на крајот останува во тимот чиј дел е од 2017 година. Сега 24-годишникот настапи на 154 средби во виолетовиот дрес, а успеа и да постигне 12 гола.

Се вчитува...