Србинот Лакиќ ќе го менува Фрајдеј во Гостивар

Стефан Лакиќ е ново име во екипата на Гостивар, откако „сино-белите“ беа принудени на промени во играчкиот кадар во ситуација кога е повреден Американецот Фрајдеј. Високиот кошаркар се обиде да игра против МЗТ, веднаш стана јасно дека повредата е сериозна, а неизвесно е дали тој воопшто ќе може да се врати на терените до крајот на сезонава.

Поради тоа новиот тренер Алек Јончевски беше принуден да бара ново решение, на крајот ангажирајќи го Лакиќ. Станува збор за 26-годишен кошаркар висок 201 сантиметар, кој добро се снаоѓа и како крилен центар и како крило во тимот. Тој го мина досегашниот дел од сезоната во босанскиот прволигаш Младост, каде во просек постигнуваше по 15 поени и шест скокови по натпревар.

Гостивар досега одигра 20 натпревари сезонава, при што има скор од 11 победи и девет порази.

Се вчитува...