Србинот Николиќ од Игокеа е ново засилување на Гостивар

КК Гостивар до крајот на сезоната ќе биде засилен со српскиот интернационалец Немања Николиќ кој доаѓа на позајмица од редовите на Игокеа.

Како резултат на одличната соработка меѓу двата клуба, 23-годишниот Николиќ ќе ја заврши сезоната во Гостивар.

Николиќ, кој е висок 196 сантиметри, игра на плејмејкерските позиции, а претходно настапувал и за Братунац и Борац Бања Лука.

Се вчитува...